Никогаш не допирајте ладни метални
делови или замрзната храна со влажни
раце бидејќи рацете може веднаш да
подмрзнат кога се во допир со замрзнатите
површини.
Доколку не го употребувате уредот
неколку денови, не се препорачува да го
исклучувате. Доколку не го употребувате
подолг период, ве молиме направете го
следново:
- исклучете го уредот;
- испразнете го замрзнувачот;
- одмрзнете го и исчистете го;
- оставете ја вратата отворена за да
избегнете создавање на непријатни
миризби.
Ако кабелот за напојување е оштетен,
истиот мора да го сменат производителот,
овластен сервисер или слични
квалификувани лица за да се избегне
ризик.
Доколку вашиот уред има брава, држете
го заклучен и чувајте го клучот на безбедно
место подалеку од дофат на деца. Доколку
фрлате во отпад уред со брава, гледајте
бравата да не работи. Ова е многу важно
за да се избегне ситуација на заглавено
дете во уредот, што може да доведе до
смртен случај.
Поставување
Овој уред е дизајниран за работење во
амбиент со температура помеѓу -15°C и
+43°C. Доколку амбиенталната
температура е над +430C, температурата
во уредот може да се зголеми.
Поставете го уредот подалеку од извори на
топлина и оган. Со негово поставување во
топла просторија, на директна изложеност
на сончеви зраци или близу извор на
топлина (грејачи, шпорети, рерни) се
зголемува потрошувачката на струја и се
намалува работниот век на производот.
Ве молиме внимавајте на следните
минимални растојанија:
100 cm од шпорети што работат на
јаглен или масло/нафта;
150 cm од шпорети на струја и гас.
Загарантирајте слободна циркулација на
воздух околу уредот со тоа што ќе
внимавате на растојанијата прикажани во
ставка 2.
Поставете ги испорачаните просторници
врз кондензаторот (на задната страна).
(Ставка 3).
Поставете го уредот на совршено рамно,
суво и добро проветрено место.
Поставете ги испорачаните додатоци.
Електрично поврзување
Вашиот уред е наменет за работа со
монофазна волтажа од 230V/50 Hz. Пред
поврзувањето на уредот со струја треба да
се осигурите дека параметрите за главната
струја во вашиот дом (волтажа, правилен
тип, фреквенција) се во согласност со
работните параметри на уредот.
Информациите во врска со напојувачката
волтажа и апсорбираната моќност се
дадени на фабричката табличка на
задниот дел од замрзнувачот.
Електричната инсталација мора да е во
согласност со законските побарувања.
Заземјувањето на уредот е
обврзувачко. Производителот не сноси
одговорност за какви било повреди на
лица, животни или добра коишто се
предизвикани од невнимавање во однос
на наведените услови.
Уредот е опремен со кабел за
напојување и приклучок (европски тип,
означен со 10/16А) со двоен контакт на
заземјување за безбедност. Доколку
штекерот не е од истиот тип како и
приклучокот, ве молиме побарајте
специјализиран електричар за да го
замени.
Не употребувајте продолжителни
додатоци или повеќекратни адаптери.