Рециклирање на пакување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не дозволувајте деца да си играат со
пакувањето или со неговите делови.
Постои ризик од задушување со
деловите на картонот со набори и со
пластичната фолија.
За да стигне до вас во добра состојба
уредот е заштитен со соодветно пакување.
Сите материјали од пакувањето се
компатибилни со животната средина и
може да се рециклираат. Ве молиме
помогнете ни да го рециклираме
пакувањето додека истовремено ја
заштитуваме животната средина!
ВАЖНО!
Пред да го ставите уредот во употреба
внимателно и целосно прочитајте ги овие
упатства. Содржат важни информации што
се однесуваат на поставувањето,
употребата и одржувањето на уредот.
Производителот е ослободен од каква
било одговорност доколку не се внимава
на информациите во овој документ. Чувајте
ги упатствата на безбедно место за да
имате лесен пристап до нив. Исто така,
може да бидат корисни и за другите
корисници.
ВНИМАНИЕ!
Овој уред мора да се употребува само
за наменетата цел, (употреба во
домаќинство), во соодветни простории,
подалеку од дожд, влага или други
временски услови.
Инструкции за транспорт
Уредот треба да се транспортира што е
можно помалку и само во вертикална
позиција. Амбалажата мора да биде во
совршена состојба за време на
транспортот.
Доколку уредот бил ставен во
хоризонтална позиција за време на
транспорт (само во согласност со ознаките
на пакувањето), се советува да се остави
уредот да одмори 4 часови пред да се
пушти да работи за да може да се смири
колото за ладење.
Доколку не се земат предвид овие
упатства, тогаш може да дојде до
расипување на мотокомпресорот и
поништување на гаранцијата за него.
Предупредувања и општи
совети
Не го вклучувајте уредот во струја
доколку забележите дефект.
Поправките мора да ги врши само
квалификуван персонал.
Ве молиме да го исклучувате уредот од
струја во следните ситуации:
- кога целосно го одмрзнувате уредот;
- кога го чистите уредот.
Кога го исклучувате уредот од струја
треба да го влечете приклучокот, а не
самиот кабел!
Загарантирајте минимален простор
помеѓу уредот и ѕидот до којшто е
поставен.
Не се качувајте врз уредот.
Не дозволувајте деца да играат со
производот или да се кријат во него.
Никогаш не употребувајте електрични
уреди за одмрзнување на замрзнувачот.
Не го употребувајте уредот близу грејни
тели, шпорети или други извори на топлина
и оган.
Не ја оставајте вратата на замрзнувачот
отворена повеќе од она што е потребно за
да ставите или извадите храна.
Не оставајте храна во уредот кога тој не
работи.
Не чувајте во него производи што
содржат запаливи или експлозивни гасови.
Не чувајте во замрзнувачот газирани
напитоци (сок, минерална вода, шампањ
итн.): шишето може да експлодира! Не
замрзнувајте напитоци во пластични
шишиња.
Не јадете коцки мраз или сладолед
веднаш по вадење од замрзнувачот
бидејќи може да предизвика „изгореници
од мраз“.