Ви честитаме на изборот!
Сандакот за замрзнување што го купивте е дел од палетата
на производи на BEKO и претставува хармонична спојка
помеѓу техниката за ладење и естетскиот изглед. Има нов и
атрактивен дизајн и е направен според европските и
националните стандарди коишто гарантираат за неговите
работни и безбедносни карактеристики. Во исто време
употребеното средство за ладење, R600a, е еколошко и не
влијае негативно врз озонот.
За најдобра употреба на вашиот замрзнувач советуваме
внимателно да ги прочитате информациите овде во ова
упатство за корисници.
Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по
датумот кога е набавен производот.
Совет за рециклирање на стариот уред
Доколку вашиот нов уред заменува стар, тогаш мора да
земете предвид неколку аспекти.
Старите уреди не се безвредно старо железо. Нивното
фрлање во отпад додека истовремено се зачувува
животната средина овозможува зачувување на важни
сурови материјали.
Како да го направите стариот уред неоперативен:
- исклучете го од струја;
- отстранете го кабелот за напојување (исечете го);
- отстранете ги евентуалните брави за заклучување на
неговата врата за да се избегне ситуација на заглавено
дете внатре додека тоа си игра и други ситуации опасни по
животот.
Уредите за ладење содржат материјали за изолација и
средства за ладење за коишто е потребно соодветно
рециклирање.
Уредот не е наменет да го користи лице со намалена физичка, сетилна или ментална
способност или на кое му недостасува искуство и знаење освен ако не е под надзор или не
било претходно обучено во однос на употребата на уредот од страна на лице кое е
одговорно за неговата безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за да се загарантира дека нема да си играат со уредот.