ЗАМЕНА НА СЕЧИВАТА
Разлабавете ги навртките за замена на ножевите (сл.
19 и 20). Поставете го новото сечиво така што
ознаката на производителот да се наоѓа кон носачот
на сечивото (не кон тревата). Поставете одново како
што е прикажано. Правилно зашрафете ги навртките.
Зашрафете со затегнувачки момент од 40 Nm.
При замена на сечивото, неопходно е да се заменат и
соодветните навртки.
Секоја интервенција врз ножевите мора да се
извршува во специјализиран сервис каде има
посоодветна опрема.
За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат
знакот:
81004138/0 (сл. 19)
81004139/0 (сл. 20)
Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот
. Заради развојот на производот, горенаведените
сечива треба со време да се заменат со други со
соодветни карактеристики за замена и функционална
безбедност.
ЧУВАЊЕ
Бензинот не смее да остане во резервоарот
подолго од еден месец.
Детално исчистете ја косачката и оставете ја на
суво и покриено место.
ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Оригиналните резервни делови се набавуваат во
сервисните центри или кај авторизираните
застапници.
Се препорачува машината да ја однесете во
овластен сервис еднаш годишно на детален
преглед, одржување и сервисирање на
безбедносните делови.
Контактирајте со застапникот за помош и
резервни делови.
144
МАКЕДОНСКИ
MK MK