Употреба на апаратот
ГНЕТЕЊЕ/МЕШАЊЕ/МАТЕЊЕ:
Зависно од видот на состојките, чинијата (4)
со капакот можете да ја употребите за
приготвување приближно 0,7 kg тесто.
Пред првата употреба измијте ги и
исчистите сите делови на приклучоците со
сапуница, потоа исплакните ги под вода што
тече и добро исушите.
Со притиснување на копчето (2) ослободите
ја повеќефункциската глава (5), која ќе ја
дигнете во вертикална положба.
Наместите ја чинијата (4) на направата така
да ја завртите додека не се закачи во
правилна положба, а потоа ставите ги
состојките кои ќе ги извагате согласно
упатствата во заглавието за вагање.
Наместите го капакот на чинијата, така да е
отворот за полнење на предната страна од
апаратот.
Сега во погонскиот отвор прицврстите
избран приклучок (6), (7), или (8) , така да
осовината на приклучокот ја пикнете докрај
и го завртите за четврт обрт кон вас, со што
приклучокот ќе се закачи во своето
лежиште.
Спуштите ја повеќефункциската глава на
направата во водорамна положба и
повторно притисните го копчето (ќе се
слушне клик).
За време приготвувањето можете да
додавате состојки низ отворот во капакот.
Работењето на направата ќе го запрете
така да копчето (1) го завртите назад на 0.
Направата наместите ја на чиста, рамна и
сува површина, а потоа приклучите ја на
електричната мрежа.
Чистење
Приклучниот втакнувач исклучите го од
ѕидната приклучница.
Погонскиот мотор никогаш не смеете да го
потопувате во вода, ниту да го миете во
вода што тече од славина. Избришите го
куќиштето со сува или малку влажна крпа.
Приклучоци, односно помагала најлесно ќе
ги исчистите така да ги исплакните под вода
веднаш по употреба. Приклучоците за
мешање наполно да ги раставите. Притоа
бидете претпазливи, бидејќи некои сечила,
односно лопатки имаат остри рабови.
ЦРВЕНИ ТЕСТЕНИНИ
500 g обично брашно
3 јајца
75 g доматно пире
2,5 ml сол
2,5 ml масло
вода спрема потреба