9
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА МК
1. Индикатор
2. Копче за вадење на додатоците
3. Копче за зголемување на брзината
4. Копче за намалување на брзината
5. Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
6. Маталки
7. Маталки за тесто
Намена
Вашиот рачен миксер е наменет за мешање,
матење и месење. Овој производ е наменет
исклучиво за употреба во домаќинството.
Важни предупредувања
Внимание! Кога користите електрични
апарати, секогаш треба да се следат
основните безбедносни предупредувања,
вклучително и следните, за да се намали
ризикот од пожар, струен удар и повреди.
Внимателно прочитајте го целото упатство
пред употреба на апаратот.
Намената на апаратот е опишана во ова
упатство. Употребата на додатоци и
помошни делови или работењето со овој
апарат на начин кој не е препорачан во ова
упатство за употреба може да претставува
ризик од повреди.
Сочувајте го ова упатство заради
користење во иднина.
Користење на апаратот
• Не допирајте ги подвижните делови.
• Проверете дали апаратот е исклучен
пред да го приклучите или да го
исклучите од струја.
• Секогаш внимавајте додека го
употребувате апаратот.
• Никогаш не исклучувајте го апаратот со
повлекување на кабелот од штекерот.
Струјниот кабел не треба да биде во
близина на топлина, масло и остри
ивици.
• Не употребувајте го апаратот на
отворено.
• Секогаш заштитувајте го делот со
моторот од вода или преголема
влажност.
• Работете со апаратот исклучиво со суви
раце.
• Никогаш не вадете ги маталките,
маталките за тесто и блендерот од
апаратот додека е приклучен на струја.
Секогаш најпрво исклучете го апаратот
од струја.
• Никогаш не чистете ги маталките,
маталките за тесто и блендерот под
чешма додека се прикачени на
апаратот.
• Внимавајте маталките, маталките за
тесто и блендерот да не го допираат
струјниот кабел додека работите со
апаратот.
• Доколку струјниот кабел е оштетен во
текот на употребата, веднаш исклучете
го апаратот од струја. Не допирајте го
струјниот кабел пред да го исклучите
апаратот.
• Кога апаратот не е во употреба, пред да
прикачите или да откачите некој додаток
или пред чистење на апаратот,
исклучете го од струја.
• Сите поправки на електричните апарати
мора да ги вршат единствено обучени
лица. Неправилното поправање може
да резултира со значителни опасности
за корисникот.
• Во случај на оштетување на струјниот
кабел, истиот мора да го замени
исклучиво обучен сервисер.
• Овој апарат може да го користат деца
на возраст од 8 години и повеќе, како и
лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или кои немаат
искуство или знаење, доколку се под
надзор и им се дадени упатства за
употреба на апаратот на безбеден
начин и доколку ги разбираат можните
опасности.