- 56 -
е активен, на екранот мора да трепка децималната
точка. Тајмерот не може да се вклучи доколку
апаратот работи најинтензивно.
Функцијата „clean air“ (чист воздух) се активира со
држење на копчето E притиснато 2 секунди кога
апаратот е исклучен. Со тоа моторот се вклучува
по 10 минути на секој час при прва брзина. Додека е
активна оваа функција, на екранот треба да биде
прикажано вртење на периферните сегменти. Кога
ќе измине времето, моторот се исклучува и на
екранот треба да е прикажана неподвижно буквата
„C” додека моторот не почне повторно да работи
уште 10 минути по 50 минути, итн. Притиснете кое
било копче освен копчињата за светло за да се
вратите во нормално функционирање. Притискањето
на копчето E ја исклучува функцијата.
• Заситување на филтерот со активен јаглен/
филтерот за маснотии:
- Кога трепка екранот C, прикажувајќи ја брзината
наизменично со буквата F (на пр. 1 и F , филтрите за
маснотии треба да се измијат.
- Кога трепка екранот C, прикажувајќи ја брзината
наизменично со буквата А (на пр. 1 и А), јагленските
филтри треба да се заменат.
Откако правилно ќе наместите чист филтер,
електронската меморија мора да се постави на нула
со држење на копчето A притиснато околу 5 секунди
си додека показателот F или A што е прикажан на
екранот C не престане да трепка.
• КОМАНДИ: ЕЛЕКТРОНСКИ (слика 15A):
A = СВЕТЛО
B = ИСКЛУЧУВАЊЕ/БРЗИНА I
C = БРЗИНА II
D = БРЗИНА III
E = ТАЈМЕР ЗА АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ – 15
минути (*)
F = СИЈАЛИЧКА ЗА ЗАСИТУВАЊЕТО НА ФИЛТРИТЕ
Кога трепка сијаличката за заситување на филтрите,
филтрите за маснотии треба да се измијат. Кога
сијаличката ќе се запали без трепкање, филтрите за
маснотии треба да се измијат, а јагленските филтри
да се заменат (во случај на работа со верзијата со
кружење на воздухот). Кога ќе завршите со потребната
постапка, притиснете го копчето за да го ресетирате.
• КОМАНДИ:
(слика 13) СВЕТЛЕЧКИ - (слика 15B)
ЕЛЕКТРОНСКИ симболите се објаснети подолу:
A = СВЕТЛО
B = OFF
C = БРЗИНА I
D = БРЗИНА II
E = БРЗИНА III
F = ТАЈМЕР ЗА АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ - 15
минути (*)
• Доколку апаратот нема функција за интензивна
брзина, држете го копчето E притиснато две секунди
и таа ќе се вклучи 10 минути, по што апаратот ќе се
врати на претходната брзина. Сијаличката трепка
додека е активна функцијата. За да ја прекинете
работата пред да поминат 10-те минути, повторно
притиснете го копчето Е.
• Со држење на копчето F притиснато две секунди
(кога аспираторот е исклучен), се вклучува
функцијата „чист воздух“. Оваа функција го вклучува
апаратот по 10 минути на секој час при прва брзина.
Штом ќе се активира оваа функција, моторот почнува
да работи со прва брзина 10 минути. За тоа време
копчињата F и C мора да трепкаат истовремено.
По 10 минути моторот се исклучува и сијаличката на
копчето F останува запалена со постојано светење
додека моторот не почне повторно да работи при прва
брзина по 50 минути, и копчињата F и C повторно
почнуваат да трепкаат заедно 10 минути, итн.
Ако притиснете кое било копче, освен копчето за
светлото, аспираторот веднаш ќе се врати во
вообичаената функција (на пр., доколку се притисне
копчето D, функцијата „чист воздух“ се исклучува
и моторот веднаш преоѓа во работа при втора брзина.
Доколку го притиснете копчето B, функцијата се
исклучува).
(*) Тајмерот за автоматско сопирање го одложува
прекинувањето на работата на аспираторот, којшто
ќе продолжи да работи 15 минути при брзината што
била поставена во моментот на активирањето на
оваа функција.
• Заситување на филтерот со активен јаглен/
филтерот за маснотии:
- Кога копчето A трепка на секои 2 секунди,
филтрите за маснотии треба да се исчистат.
- Кога копчето A трепка на секои 0,5 секунди,
јагленските филтри треба да се заменат.
Откако е ставен чист филтер, електронската
меморија мора да се постави на нула со држење на
копчето A притиснато околу 5 секунди си додека
сијаличката на копчето не престане да трепка.
• КОМАНДИ: (слики 11-12A) МЕХАНИЧКИ (слика 12B)
Елиптични подолу се опишани симболите:
A = СВЕТЛО
B = Исклучено
C = БРЗИНА I
D = БРЗИНА II
E = БРЗИНА III
G = Показател на работата на моторот
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НЕ ПРИФАЌА НИКАКВА
ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ОШТЕТУВАЊА
ПРЕДИЗВИКАНИ СО НЕПОЧИТУВАЊЕ НА
ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА.