УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА МК
Општ опис:
1. Капак
2. Сад за блендирање од тритан
®
BPA-free
3. Сечило „NutriBlade“
4. Контролна табла
5. Мотор
6. Сад за носење од тритан
®
BPA-free
7. Капак за чување на пијалакот
8. Затворач на капакот
9. Капак со отвор за пиење
Важно:
Пред првпат да го употребите апаратот,
внимателно прочитајте го ова упатство за
употреба и сочувајте го за во иднина.
Опасност
Не потопувајте го моторот во вода
или во друга течност и не плакнете
го под чешма.
Предупредување
Пред да го приклучите апаратот на
струја, проверете дали напонот
назначен на дното од истиот
одговара на напонот во
електричната инсталација во
вашиот дом. Не користете го
апаратот доколку струјниот кабел
или некоја друга компонента се
оштетени. Доколку струјниот кабел
е оштетен, истиот може да го
замени единствено Горење,
овластен сервис или центар за
поправки на Горење или соодветно
обучен професионалец.
Апаратот не треба да го користат
деца или лица со намалени
физички или психички способности
или лица кои немаат искуство или
знаење, освен доколку се под
надзор или ги советуваат лица
одговорни за нивната безбедност.
Не дозволувајте им на деца да си
играат со апаратот.
Не оставајте го апаратот да работи
без надзор. Никогаш не мешајте
газирани пијалаци во апаратот.
Притисокот во садот може да го
оштети и да доведе до сериозни
повреди. Не мешајте и не
преработувајте врели течности во
апаратот. Доколку забележите
знаци на оштетување на апаратот,
престанете со употребата и
контактирајте го најблискиот
овластен сервис и центар за
поправки на Горење. Не ставајте ги