594785
119
Verklein
Vergroot
Pagina terug
1/160
Pagina verder
Bosch Power Tools 1 609 92A 10X | (11.11.14)
Македонски | 119
Ставање во употреба
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
Работење со поединечно активирање (види слика D)
Притиснете го преклопникот 9 навнатре и
истовремено навалете го во долната позиција додека
не се вклопи повторно.
Системот за активирање
„Поединечно активирање“ е
поставен.
Повторно отпуштете го преклопникот 9.
Поставете го отворот 13 или гумираниот штитник 1
цврсто на делот што се обработува, сè додека
осигурувачот за активирање 2 не се притисне
целосно.
На крај кратко притиснете на чкрапалото 10 и
повторно отпуштете го.
Притоа ќе се исфрли една хефт-иглица (GTK 40) или
шајка со глава за забивање (GSK 50).
Оставете го пневматскиот алат да се врати назад од
делот што се обработува.
За следниот процес на набивање подигнете го
пневматскиот алат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
Работење со активирањ
е на контакт (види слика E)
Притиснете го преклопникот 9 навнатре и
истовремено навалете го во горната позиција,
додека повторно не се вклопи.
Системот за
активирање
Активирање на
контактот“ е поставен.
Повторно отпуштете го преклопникот 9.
Притиснете го чкрапалото 10 и држете го
притиснато.
Поставете го отворот 13 или гумираниот штитник 1
цврсто на делот што се обработува, сè додека
осигурувачот за активирање 2 не се притисне
целосно.
Притоа ќе се исфрли една хефт-иглица (GTK 40) или
шајка со глава за забивање (GSK 50).
Оставете го пневматскиот алат да се врати назад од
делот што се обработува.
За следниот процес на набивање подигнете го
пневматскиот алат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
Движете го пневматскиот алат со истовремено
подигање и повторно поставете го над делот за
обработка.
Секој пат кога ќе го поставите пневматскиот алат и ќе
го притиснете осигурувачот за активирањ
е, ќе се
исфрли една хефт-иглица (GTK 40) или шајка со
глава за забивање (GSK 50).
Штом ќе се забие потребниот број на хефт-иглици
(GTK 40) или шајка со глава за забивање (GSK 50),
повторно отпуштете го чкрапалото 10.
Совети при работењето
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
Пред секој почеток на работата проверете дали
беспрекорно функционираат уредите за безбедност и
активирање, како и дали се цврсто поставени завртките
и навртките.
Веднаш исклучете го пневматскиот алат којшто е
дефектен или не работи беспрекорно од доводот на
воздух и контактирајте ја овластената сервисна служба
на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на пневматскиот
алат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на
пневматскиот алат, како на пр. осигурувачот за
активирање.
Не извршувајте „итни поправки“ со несоодветни
средства. Пневматскиот алат треба редовно и правилно
да се одржува (види „Одржување и сервис“,
страна 120).
Избегнувајте ослабување и оштетување на
пневматскиот алат, на пр. при
–забивање или гравирање
доколку производителот не дозволил преправки,
–водење по шаблони, коишто се изработени од цврст
материјал, на пр. челик,
–испаѓање и туркање преку под,
–употреба како чекан,
–секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за
обработка. Не исфрлајте хефт-иглици (GTK 40) или
шајки со глава за забивање (GSK 50) во ѕидови,
плафони или подови, доколку зад нив се наоѓаат други
лица. Муницијата може да помине низ материјалот и да
повреди некого.
Не исфрлајте хефт-иглици (GTK 40) или шајки со глава
за забивање (GSK 50) на веќе испукан материјал за
прицврстување. Притоа муницијата може да се
деформ
ира, да се заглави или пневматскиот алат да
почне неконтролирано да се движи.
Доколку пневматскиот алат се употреби при ладни
амбиентални услови, првите хефт-иглици (GTK 40) или
шајки со глава за забивање (GSK 50) ќе се забиваат
побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли
пневматскиот алат за време на работата, повторно се
враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете
иззабување на втиснувачот.
При подолги работни паузи или на крајот на работата
исклучете го пневматскиот алат од доводот на воздух и
доколку е возможно испразнете го магацинот.
Празнење на магацинот
GTK 40
–Повлечете го наназад лизгачот на магацинот 11
додека не се вклопи целосно копчето на блокадата за
лизгачот на магацинот 7.
Извадете го сетот хефт-иглици 18.
–Повлеч
ете го лизгачот на магацинот 11 малку
наназад и притиснете го копчето за блокада за
лизгачот на магацинот 7 навнатре.
Водете го лизгачот на магацинот внимателно
нанапред додека не дојде во контакт со почетокот на
магацинот.
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот
може да се оштети и постои опасност да ги згмечите
прстите.
GSK 50
Притиснете ја блокадата на магацинот 14 и
истовремено повлечете го магацинот 8 до крај
наназад.
Извадете ги лентите со шајки 19.
Притиснете го магацинот додека блокадата на
магацинот 14 не се вклопи повторно.
Подесување на граничникот за длабочина
(види слика F)
Длабочината на забивањ
е на хефт-иглиците (GTK 40)
или на шајките со глава за забивање (GSK 50) може да
се подеси со тркалцето за подесување 3.
Испразнете го магацинот 8.
(види „Празнење на магацинот“, страна 119)
Шајките се испукани предлабоко:
За да ја намалите длабочината на забивање, свртете
го тркалцето за подесување 3 во правец спротивен
на стрелките од часовникот.
или
Шајките не се испукани доволно длабоко:
За да ја зголемите длабочината на забивање, свртете
го тркалцето за подесување 3 во правец на стрелките
на часовникот.
Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот“, страна 118)
Тестирајте ја новата длабочина на забивање на
пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Ваде
ње на заглавената муниција
Поединечни хефт-иглици (GTK 40) или шајки со глава
за забивање (GSK 50) можат да се заглават во каналот
за пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте
ја овластената сервисна служба на Bosch.
Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по
ослободувањето на заглавената муниција,
контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
GTK 40 (види слики G1G3)
Испразнете го магацинот 8.
(види „Празнење на магацинот“, страна 119)
Притиснете го затегнувачкиот лост 12 надолу, за да
може да се отвори каналот за пукање.
Отстранете ги заглавените хефт-иглици. По потреба
употребете клешти.
Доколку излегол втиснувачот 21, притиснете го со
подмачкан одвртувач или друг соодветен подм
ачкан
предмет назад во клипот.
–Подмачкајте го каналот за пукање со 23 капки
моторно масло (SAE 10 или SAE 20).
Затворете го каналот за пукање, закачете ја дршката
на затегнувачкиот лост 12 во куките на каналот за
пукање и повторно притиснете го затегнувачкиот
лост нагоре.
Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот“, страна 118)
GSK 50 (види слика H)
Испразнете го магацинот 8.
(види „Празнење на магацинот“, страна 119)
Отворете го магацинот и извадете ги заглавените
шајки со глава за забивање. По потреба употребете
клешти.
Доколку излегол втиснувачот 21, притиснете го со
подмачкан одвртувач или друг соодветен подмачкан
предмет назад во клипот.
–Подмачкајте го каналот за пукање со 23 капки
моторно
масло (SAE 10 или SAE 20).
Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот“, страна 118)
Промена на штитникот за делот за обработка
(види слика I)
Штитникот за делот за обработка 1 на крајот на
осигурувачот за активирање 2 го штити делот за
обработка, додека пневматскиот алат не се постави
точно за процесот на забивање.
Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и
замени.
Извлечете го штитникот од осигурувачот за
активирање.
–Поместете го новиот штитник за делот за обработка
со отворениот крај преку осигурувачот за
активирање.
GSK 50: Кај овие пневматски алати резервниот
штитник за делот за обработка може да се чува на
долната страна на магацинот 8. Ставете го штитникот на
делот за обработка во депото 22.
Подесливо капаче за излез на воздухот
(види слика J)
Со подесливото капаче за вентилација на излезот за
воздух 4 можете да го пренасо
чите издувниот воздух
спроти Вас или спроти делот за обработка.
Транспорт и складирање
При транспорт исклучете го пневматскиот алат од
напојувањето со воздух, особено доколку користите
скали или имате невообичаено движење на телото.
На работното место држете го пневматскиот алат само
за дршката 5 и со неактивирано чкрапало 10.
Пневматскиот алат постојано треба да се складира
исклучен од напојувањето со воздух и на суво, топло
место.
Доколку пневматскиот алат не се користи подолг
период премачкајте ги челичните делови со тенок слој
масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.
OBJ_BUCH-1038-004.book Page 119 Tuesday, November 11, 2014 2:36 PM
119

Hulp nodig? Stel uw vraag in het forum

Spelregels

Misbruik melden

Gebruikershandleiding.com neemt misbruik van zijn services uitermate serieus. U kunt hieronder aangeven waarom deze vraag ongepast is. Wij controleren de vraag en zonodig wordt deze verwijderd.

Product:

Bijvoorbeeld antisemitische inhoud, racistische inhoud, of materiaal dat gewelddadige fysieke handelingen tot gevolg kan hebben.

Bijvoorbeeld een creditcardnummer, een persoonlijk identificatienummer, of een geheim adres. E-mailadressen en volledige namen worden niet als privégegevens beschouwd.

Spelregels forum

Om tot zinvolle vragen te komen hanteren wij de volgende spelregels:

Belangrijk! Als er een antwoord wordt gegeven op uw vraag, dan is het voor de gever van het antwoord nuttig om te weten als u er wel (of niet) mee geholpen bent! Wij vragen u dus ook te reageren op een antwoord.

Belangrijk! Antwoorden worden ook per e-mail naar abonnees gestuurd. Laat uw emailadres achter op deze site, zodat u op de hoogte blijft. U krijgt dan ook andere vragen en antwoorden te zien.

Abonneren

Abonneer u voor het ontvangen van emails voor uw Bosch GTK 40 Professional bij:


U ontvangt een email met instructies om u voor één of beide opties in te schrijven.


Ontvang uw handleiding per email

Vul uw emailadres in en ontvang de handleiding van Bosch GTK 40 Professional in de taal/talen: Nederlands, Duits, Engels, Frans, Italiaans, Portugees, Spaans, Pools, Turks, Deens, Zweeds, Noors, Fins als bijlage per email.

De handleiding is 16,8 mb groot.

 

U ontvangt de handleiding per email binnen enkele minuten. Als u geen email heeft ontvangen, dan heeft u waarschijnlijk een verkeerd emailadres ingevuld of is uw mailbox te vol. Daarnaast kan het zijn dat uw internetprovider een maximum heeft aan de grootte per email. Omdat hier een handleiding wordt meegestuurd, kan het voorkomen dat de email groter is dan toegestaan bij uw provider.

Stel vragen via chat aan uw handleiding

Stel uw vraag over deze PDF

loading

Uw handleiding is per email verstuurd. Controleer uw email

Als u niet binnen een kwartier uw email met handleiding ontvangen heeft, kan het zijn dat u een verkeerd emailadres heeft ingevuld of dat uw emailprovider een maximum grootte per email heeft ingesteld die kleiner is dan de grootte van de handleiding.

Er is een email naar u verstuurd om uw inschrijving definitief te maken.

Controleer uw email en volg de aanwijzingen op om uw inschrijving definitief te maken

U heeft geen emailadres opgegeven

Als u de handleiding per email wilt ontvangen, vul dan een geldig emailadres in.

Uw vraag is op deze pagina toegevoegd

Wilt u een email ontvangen bij een antwoord en/of nieuwe vragen? Vul dan hier uw emailadres in.



Info