Чистење на внатрешноста
Ве молиме да го исклучувате уредот од
струја пред да го чистите.
Се препорачува да го одмрзнете уредот
пред да го чистите.
Чистете ја внатрешноста со млака вода
во којашто има малку неутрален детергент.
Не употребувајте сапун, детергент, бензин
или ацетон коишто можат да остават јаки
мириси.
Бришете со мокар сунѓер и пребришете
со мека крпа за да се исуши.
Притоа треба да се избегнува премногу
употреба на вода за да спречите таа да
навлезе во термалната изолација на
уредот што може да предизвика непријатни
миризби.
Не заборавајте да ја исчистите и гумата на
вратата за дихтување особено под ребрата
со помош на чиста крпа.
Чистење на надворешноста
Чистете ја надворешноста на
замрзнувачот со помош на сунѓер потопен
во топла сапунеста вода, избришете со
мека крпа и исушете.
Чистењето на надворешниот дел на
колото за ладење (мотокомпресор,
кондензатор, поврзувачки цевки) се прави
со мека четка или со правосмукалка.
Притоа внимавајте да не ги извиткате
цевките или да ги откачите каблите.
Не употребувајте материјали за рибање
или абразиви!
Откако ќе завршите со чистењето ставете
ги додатоците на нивните места и вклучете
го уредот.
Одмрзнување на уредот
Советуваме да го одмрзнувате
замрзнувачот барем двапати годишно или
кога слојот мраз е преголем.
Насобирањето мраз е нормална појава.
Квантитетот и брзината на насобирање
зависат од амбиенталните услови и
фреквентноста со која се отвора вратата.
Советуваме одмрзнување на уредот
кога во него има најмалку замрзната храна.
Пред да одмрзнувате свртете го
регулаторот за термостатот на највисоката
позиција за храната да прими повеќе од
ладното.
- Исклучете го уредот.
- Извадете ја замрзнатата храна,
завиткајте ја во неколку листови хартија и
ставете ја во фрижидер или на друго ладно
место.
За брзо топење оставете ја вратата
отворена.
Не користете остри предмети за да го
вадите мразот.
Не употребувајте фен за коса или други
електрични грејни уреди за
одмрзнувањето.